Корисниците од улиците „Владимир Каваев", „Кленоец", „Ангел Динев", „Бабуна" и „Пресека" во населбата Влае денеска од 11:30 часот ќе останат без водоснабување.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на приклучна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Владимир Каваев" бб.

Корисниците ќе бидат без вода се додека не завршат активностите за отстранување на дефектот.


Администратор
25/11/2020 13:32