Поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник на цевка од ф-300мм на ул.Џон Кенеди б.б (во близина на Веро), денеска ќе биде во прекин водоснабдување за корисниците од населбите Топанско Поле и Чаир во општина Чаир.

Како што информира РЦУК – Скопје по известување од ЈП Водовод и Канализација, водоснабдувањето ќе биде во прекин од 9:30 часот до завршување со активностите.

Со прекинато водоснабдување денеска ќе бидат и корисниците на ул. Коце Металец бб, вклучително амбулантата Железара и Ремедика, поради изведување водоводен приклучок ф-100мм на наведената улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со активностите.


Администратор
25/11/2020 10:35