Нечистиот и контаминиран мраз се служи во секој ресторан, клуб или кафуле, а бактериите кои живеат во него се многу опасни по здравјето на луѓето. Во коцките мраз се наоѓаат бактерии кои доаѓаат од нечистите раце и нечистите садови во кои се става мразот.

Тестирањето, спроведено на коцки мраз, апарати и прибори за мраз , покажуваат поразителни резултати, односно околу 30 отсто имале лоши хигиенски услови, кои придонесуваат за зараза со разни болести. Многумина се пожалиле на мачнини поради нечистиот мраз кој се става во пијалоците.

Во нечистите коцки мраз се наоѓале одредени бактерии, меѓу кои и опасната Ешерихија коли. Заразите се случуваат поради нечистењето на апаратите, а персоналот не внимава на хигиената. Основно правило е водата да биде чиста и свежа, а истото се однесува и на приборот, апаратите за мраз и на персоналот. Водата не би смеела да стои во автоматите или во некоја канта пред да се замрзне, истакнуваат од санитарните инспекции.


Администратор
23/11/2020 03:04