Со парада на луѓе облечени во костуми на диносауруси, кои го претставуваат тајландскиот естаблишмент, средношколци денеска поведоа протест на илјадници луѓе во Бангкок со повици за уривање на владата и реформа на монархијата.

Тоа е првиот голем протест откако премиерот Прајут Чаноча во четвртокот рече дека полицијата ќе ги спроведе сите закони против демонстрантите, кои станаа најголем предизвик за тајландските власти во последно време.

– Ние ги претставуваме метеоритите кои ги уништија диносаурусите“, рече 15-годишниот водач на средношколците Бенџамапорн Нивас.

Протестите, кои се одвиваат од јули, се однесуваат на три основни барања: отстранување на поранешниот лидер на хунтата Прајут од функцијата премиер, нов устав и реформа на монархијата.

Но, средношколците бараат и поголема слобода и пофер третман во образовниот систем, за кој тврдат дека е архаичен и првенствено е насочен кон поттикнување на послушноста.

Многумина, исто така, зборуваа за важноста на родовата еднаквост.


Администратор
21/11/2020 17:02