Иако жителите на населбата Пржино во Кисела Вода подолго време алармираат дека нивната безбедност е загрозена поради градба на неколку повеќекатници на земјиште на кое има само куќи и живеат во страв дека нивните домови ќе биде доведени до опасност од рушење, тоа вечерва се покажа и во практика.

За ваквиот немил настан на социјалните мрежи информираше Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, Иван Живковски.

- Вечерва падна потпорен ѕид во населба Пржино. Ефектите од урбаниот хаос на Темелковски на дело. Постои дополнителна опасност и од други одрони. Животот на жителите е во опасност. Сево ова се должи на неконтролираното градење на урбаната мафија во Кисела Вода! СТОП ЗА УРБАНАТА МАФИЈА ВО КИСЕЛА ВОДА! Оставка!, објави Живковски.