Според најновите податоци рекордното нагло зголемување на бројот на случаи на коронавирус во САД ги турка болниците на работ на капацитетот и убива до илјада луѓе на ден, јавија локалните медиуми.

САД вчера го соборија својот дневен рекорд во новозаразени со коронавирусот, пријавувајќи најмалку 91.248 нови случаи, а 21 држава објавија најголем дневен број на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Повеќе од 1.000 луѓе починаа вчера од вирусот, што е трет пат во октомври да се надмине прагот. Бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во октомври се зголеми за над 50 проценти на 46.000, што е најголем од средината на август.

Од Ковид-19 вчера починале повеќе од илјада луѓе, со што по третпат во октомври е надминат тој праг. Бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во октомври се зголемил за над 50 проценти на 46.000, што е најголем од средината на август.


Администратор
30/10/2020 21:20