Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека БиХ нема да се откаже од покренување тужба против Хрватска, доколку Загреб не се откаже од намерата за отстранување на нуклеарен отпад на Трговска гора, покрај босанската граница.

Тој оцени дека Советот на министри на БиХ конечно треба да формира експертски и правен тим за решавање на тоа прашање.

– Конечно дојде до одлука за формирање експертски и правен тим, иако претходно министерката за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ тоа го одолговлекуваше, истакна Додик.

Додик потсети дека минатата година, кога влегол во Претседателството на БиХ, веќе во март на првите владини седници биле усвоени заклучоци дека не може да се лоцира нуклеарен отпад на Трговска гора, но и дека е неопходно во тоа да се вклучат органи на БиХ.

Тој нагласи дека нема да се двоуми за покренување неопходни тужби до која било судска инстанца во светот, доколку не се постигне договор со Хрватите.


Администратор
30/10/2020 15:15