Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 528 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 56 лица, 56 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 санкционирани мотоциклисти, 85 санкции за некористење сигурносен појас и користење мобилен телефон при возење.

Изречени се 84 мерки за непрописно паркирање и 83 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.


Администратор
30/10/2020 12:07