Голманот на Тотенхем Хуго Лорис синоќа против Антверпен во 2. коло од Лигата на Европа го одигра својот 100. натпревар во европските фудбалски купови.

Според „Опта“, Лорис е првиот француски голман со вакво достигнување.

Тој има 32 натпревари во Лигата на Европа (вклучувајќи ги и квалификациските фази) и 68 натпревари во Лигата на шампионите (вклучувајќи ги и квалификациските фази).

Сепак, Лорис немаше многу причини за прослава на јубилејот, бидејќи неговиот тим Тотенхем загуби на гостувањето во Белгија од Антверп со 1:0.


Администратор
30/10/2020 11:38