Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски е позитивен на Ковид 19 и e хоспитализиран на Инфективната клиника а неговата состојба е стабилна, потврдија од Министерството за здравство за Телевизија Телма.
Преку смс пораки, Телма контактираше со Рашковски кој потврди дека е позитивен и дека е во добра состојба.
Тој учествувал на вчерашната он лајн седница на Владата.