Владата посредува да се најде решение за проблемот кој го имаат пожарникарите. Но од таму додаваат дека за да можат градските власти да им го исплаќаат надоместокот за опасност при работа, неопходни се законски измени.

Од друга страна пак пожарникарите не се откажуваат од своите барања. Тие и денеска, по трет пат излегоа на протест, пренесува Телевизија Сител.

Додека да се донесе законот, пожарникарите останува парите да ги добиваат по судски пат. Со образложение дека нема законски основ да им ги исплаќа овие средства, Шилегов на вчерашната средба им понуди медијација, но средбата заврши со караница и без договор.


Администратор
28/10/2020 18:40