Сите лица кои се позитивни или имале контакт со заболено лице имаат издадено решение за изолација. Сива зона нема. Лицата кои биле контакти со позитивно лице на Ковид 19 можеби со задоцнување ќе го добијат решението поради епидемилошката анкета, а лицата кои се позитивни се законски задолжени да се во изолација се до добивање на резултатот.

Ова го посочи денеска директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на Инспекцискиот совет.

-Нема сива зона. Од 6-ти овој месец до 11 октомври ДСЗИ има изадад 3924 решенија по основ на позитивни тестови и контакти, од 12 до 18 октомври издадени се вкупно 5243 решенија по двете основи и од 19 до 25 издадени се 6715 решенија за позитивни или лица кои биле во контакт. Системот што го воспоставивме и функционира од 6 октомври веднаш со внесување на позитивно лице информациите ги добиваат и Министерството за внатрешни работи и Царината. Лицата кои биле контакти ќе добијат со задоцнување решение по спроведена епидемиолошка анкета, рече Бухова.

Таа појасни дека секое лице законски е задолжено од времето на тестирањето до добивање на резултатот, без разлика каков ќе биде тој, да биде во самоизолација, а при појава на симптомите да го контактира матичниот лекар.

-Секоја температура и болка во грлото никако не мора да значи дека е инфекција на Ковид. Секој пациент што ќе почувавува било кои од овие симптоми, ќе контактира со матичен доктор кој ќе отвори боледување не со дијагноза Ковид. Од појава на првите симптоми се додека не утврдиме дека се однесуваат симтомите на инфекција на Ковид доколку треба боледување матичниот ја покрива со соодветна друга дијагноза. Од времето на тетирање до добивање резултат секое тестирано лице е законски задолжено без разлика каков ќе биде резултатот да биде во самоизолација. Со добивање на резултат, за позитивните со решение точно од денот од кога е позитивен матичниот лекар издава боледување, за контактите е доволно и се покрива со решението издадено по основ на контакт, појасни Бухова.

Таа на прашање за тоа дали се вршат контроли во приватните здавствени установи и лаборатории за третман на заболени од Ковид19 и за тестирања, рече дека од февруари ДСЗИ врши интензивно и секојдневно инспекциски надзор во јавни и приватни здравствени установи, каде се вклучени и лабораториите што вршат тестирања, но дека протоколите за лекувањето не ги контролира ДСЗИ, туку тоа се прави со иницирање вонреден стручен надзор кој го врши Министерството за здравство или Лекарската комора.


Администратор
28/10/2020 17:10