Светскиот шампион во трката на 100 метри, американскиот атлетичар Кристијан Колман, денес беше суспендиран на две години за кршење на антидопинг правилата.

Колман не се појави на допинг тестот трипати и веројатно нема да учествува на Олимписките игри во Токио, кои се одложени за следната година.

Тој ќе има рок од 30 дена да се жали до Спортскиот арбитражен суд (CAS) во Лозана.

Ги пропуштил тестовите и во јануари, април и декември минатата година, а потоа беше привремено суспендиран во јуни годинава.

Колман има 24 години, тој е светски шампион од Доха во 2019 година и го држи рекордот во сала на 60 метри.


Администратор
28/10/2020 00:09