Во Битола вчера биле пронајдени стари артилериски гранати калибар 75 мм од Првата светска војна.

Како што соопштија од МВР, гранатите биле пронајдени при вршење ископ кај старата трибина од стадионот под „Тумбе Кафе“, во правец кон старата касарна.

Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола, истите биле безбедно подигнати за понатамошна постапка.


Администратор
27/10/2020 12:45