Пандемијата ја забави работата на прилепскиот основен суд и не може да се навасаат предметите, констатира претседателот на основниот суд, Зоран Стеваноски. Според претседателот, главни причини за неажурноста се намалениот кадар и отсуството на странките во постапките.

– Овие месеци константно имаме отсуство на 10 до 15 вработени во судот поради пандемијата и користењето мерки. А дел од странките не доаѓаат на рочиштата поради страв, вели Стеваноски.

Перманентно, судот има и помал број од потребните судии. Наместо 19, има 14 судии, по седум во кривичниот и во граѓанскиот оддел. Има и заостаток на предметите.

-За овие девет месеци имаме 400 предмети во кривична, а 300 во граѓанска постапка. Ситуацијата е отежната поради општите услови, посочи Стеваноски. Инаку, прилепскиот основен суд има заостанати 243 незавршени предмети повеќе од две години, а најмногу се во кривичната постапка, главно поради недостапност на обвинетите.

Според Стеваноски, Прилепскиот основен суд нема технички услови за онлајн судења, ниту пак е сигурен дека тоа е во скад со одредбите на ЗКП.


Администратор
26/10/2020 20:00