Да не беше ова реално, ќе помислевме дека е некој лош хорор филм, во продукција на партијата на власт.

Не се сеќаваме кога последен пат командантот се состана со општинскиот штаб за заштита и спасување, кој наместо да се грижи да ги заштити граѓаните, истиот очигледно не знае како од внатре да се обезбеди од болеста.

Веќе подолг период, во општина Штип се појавуваат заболени од редот на вработените, но не само кризниот штаб, туку и раководните лица во Општината не предвидуваат стратешки чекори за намалување на бројките.

Недостатокот на средства за дезинфекција, непостоењето на контролен систем за влез во општината, необезбедени вработени, се неколку од нештата кои докажуваат дека институцијата која има најголема одговорност за решавање на проблемите, очигледно сама не знае како да ја надмине состојбата.

Освен тоа, веќе се појавуваат и првите заболени во основните училишта и градинките, кое пак затвора цели семејства во изолација и тоа се‘ поради несериозните мерки за заштита на населението.

Непреземањето на мерки, деновиве резултираа со високи двоцифрени бројки, висока смртност меѓу граѓаните, недоволен број на легла на Инфективното одделение, недоволно персонал во клиничката болница, непостоење на можност за тестирање во државните установи.

За жал, ова е само почетокот на она што следува.

Локалната самоуправа и здравствените власти ако за кратко време не ги преземат неопходните мерки, бројот на заболени ќе го надмине и бројот на здрави граѓани.


Администратор
26/10/2020 19:32