Во штипското регионално електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ во тек е реконструкцијата на спортската сала, која беше во очајна состојба, а учениците и наставниците по физичко образование немаа добри услови за одржување на наставата.
Увид во градежните работи денеска извршија в.д градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов и директорот на СОУ „Коле Хентенин“, Дејан Павлов. Реконструкцијата опфаќа замена на под, замена на прозори и ново осветлување на спортската сала во средното училиште Коле Нехтенин.
–Задоволен сум од динамиката на работните активности за целосна реконструкција на оваа спортска сала.Како градоначалник но и како професор кој потекнува од ова училиште ја знам потребата од овој зафат. Се работи за инвестиција од околу 7,5 милиони денари и површина од околу 1100 метри квадратни, рече Миланов.
Директорот на СОУ „Коле Хентенин“, Павлов потенцираше дека после подолг период средното училиште ќе добие нова сала, секако во корист на сите спортисти.
–За оваа година ова е трета ваква инвестиција од поголем обем, односно по реконструкцијата на котелот за греење, кровот на училиштето, а во тек е и реконструкција на спортската сала, вели Павлов.
Тој рече дека онлајн наставата се одвива без никакви проблеми, а во училиштетот во моментов немаат позитивни случаи на коронавирусот меѓу наставниците и учениците.