Во Македонска Каменица во тек се интензивни активности за поставување нова линија за фекална канализација на улицата „Даме Груев“. Надлежните информираат дека реализацијата на овој инфраструкурен проект опфаќа должина од 450 метри.

-Во рамки на изградбата на 650 метарската нова градска улица „Даме Груев”, паралелно се работи и на поставување на фекална и атмосферска канализација, во должина од 450 метри. Целта на градежните активности е целосно нејзино спојување со комуналната мрежа до „Миле Јаневски Џингар“, информираа надлежните.

Со изградбата на овој инфраструктурен проект, како што додаваат, трајно се решаваат комуналните проблеми на овој потег од градот.

-Освен тоа со финализирањето на градежните работи на улица „Даме Груев”, на жителите од оваа градска средина во Македонска Каменица, ќе им обезбеди олеснет пристап до нивните домови, додаваат надлежните.

Споменатите инфраструктурни активности како што дополнија се реализираат со средства од општинскиот буџет.