Физички напад врз малолетничка е пријавен во Кавадарци од страна на нејзина врсничка, информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. – Во саботата во Полициската станица -Кавадарци И.К.(51) пријавил дека претходната вечер околу 22.30 часот на улицата „Илинденска“, неговата четиринаесетгодишна ќерка била физички нападната од нејзина врсничка, појасни Додевски. Се работи на расчистување на случајот.


Администратор
26/10/2020 12:37