Согласно заклучокот на Владата на Република Македонија а по препорака на ГРЕКО, на веб страната на Владата на Република Македонија објавен е списокот на лица кои се дел од Кабинетот на Премиерот Зоран Заев како негови соработници и надворешни советници.
Согласно достапните податоци, на веб страната се објавени 23 соработници на премиерот Зоран Заев како членови на неговиот кабинет а со највисок надоместок е поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој како советник за национална безбедност добива 74.618 денари нето плата.
По него следат Виктор Андонов советник за енергетика и Милан Живковиќ советник за труд и социјална политика, кој воедно е и претседател на партиската комисија на СДСМ за труд и социјална политика со нето плата од 60.546 денари.
Останатите ангажирани соработници добиваат по 55.268 денари.
На листата пак на надворешни соработници се наоѓаат четири лица меѓу кои и ќерката на поранешниот претседател на МАНУ, Таки Фити, Нина Фити Неделковска која добива месечен надоместоk од 50.000 денари како и членот на извршниот одбор на СДСМ, професорката Татјана Стојановска Иванова коај добива месечен хонорар од 45.000 денари.