Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот.

„Иако РЗИ официјално го укина мојот карантин, уште во петокот ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови. По два ПЦР-теста, од денеска сум позитивен на Ковид-19, напиша Борисов.

„Чувствувам малаксаност, во моментот, по проценка на лекарите, останувам на домашно лекување. Сите контакти со мене се доставени до РЗИ. Сигурен сум дека со почитување на мерките, заедно ќе се справиме, додаде Борисов.

Во саботата, по два негативни тестови ПЦР теста, карантинот на Борисов беше укинат од РЗИ-Софија.


Администратор
26/10/2020 00:47