Економското закрепнување на Албанија ќе биде тешко по двата „удари“ што ги доби, оној на земјотресот на 26 ноември минатата година и пандемијата со коронавирусот.
Светската банка во јуни предвиде пад на економјата за 5 отсто,но експертите веќе констатираа дека падот ќе достигне 8,4 отсто до крајот на оваа година. Овој процент е повисок од планираниот на албанските институции кои предвидуваат пад од 6,1отсто.
Според оваа проекција, ниските приходи и високиот фискален дефицит се очекува да го зголемат јавниот долг на Албанија на 81,4 отсто од бруто домашниот производ(БДП).
-Од друга страна, заздравувањето се предвидува да биде бавно со пораст од 5 отсто во 2021 година како резултат на зголемувањето на извозот, потрошувачката и инвестициите. Овие предвидувања ќе бидат валидни доколку пандемијата успее да се држи под контрола до крајот на годинава,што значи дека заздравувањето на албанската економија е неизвесно, пренесува Ора њуз телевизија.
Според истиот извор економската криза предизвика проблеми на пазарот на трудот во Албанија и во овие услови перспективата за вработување зависи главно од закрепнување на услужните сектори и вредноста на
инвестициите во обновувањето на последиците од заемјотресот и паднемијата во земјата.в