Рекорден број новоинфицирани со Ковид-19 се регистрирани во САД за изминатите 24 часа – повеќе од 83.757 лица, што е за околу 6.000 повеќе од претходниот рекорд.

Претходниот рекорд беше поставен на 16 јули, кога САД пријавија 77.362 новоинфицирани лица.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во САД се зголеми на близу 224.000, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.

САД се убедлив лидер во светот и во однос на бројот на потврдени случаи на инфекција и на бројот на смртни случаи. Инфекцијата е потврдена кај повеќе од 8,7 милиони луѓе во таа земја, што е повеќе од една петтина од регистрираните случаи во светот.


Администратор
24/10/2020 16:40