На свечена церемонија поглаварот на ИВЗ на Република Македонија, Шаќир ефенди Фетаху, синоќа го назначи новиот координатор на Муфтиството во Кичево, Ќамил ефенди Рушити. Имамите на скоро сите џамии во Кичево и Пласница беа присутни на овој свечен чин.

Новиот координатор Ќамил ефенди Рушити по актот за именување рече дека е чест но и обврска да бидам на чело на оваа институција и дека ќе се обиде целосно да ја оправдам дадената доверба.

Учесниците ги поздрави градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, кој рече дека секоја задача што ќе му биде доверена секому треба да се смета како обврска што треба да се изврши со посветеност.

Шефот на ИВЗ Шаќир ефенди Фетаху рече дека сега има друг пристап каде им се дава приоритет на младите. -Сакам на Ќамил ефенди Рушити да му порачам да соработува тесно со сите структури во кичевското Муфтиство, истакна Фетаху.

Кичевското Муфтиство остана без раководител откако досегашниот муфтија во кичевското Муфтиство Мурат ефенди Хисени ја загуби битката со коронавирусот пред извесно време.


Администратор
24/10/2020 13:58