Во Полска во последните 24 часа се потврдени 1.040 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата.

Вкупниот број заразени лица е двојно зголемен за помалку од три недели и сега изнесува 202.579, а починати се 3.841 лице.

Долниот дом на полскиот Парламент денеска ќе одржи итна седница на која ќе расправа за предлогот на владејачката партија Право и правда за деблокирање на преоптоварениот здравствен систем.

Владиниот советник за корона-кризата, Анджеј Хорбан претходно изјави дека 10.000 новозаболени лица на ден е горната граница за капацитетот на здравствениот систем.

Според денешните податоци, во полските болници има 9.439 пациенти, од кои 757 се на респиратор, додека вчера се регистрирани 8.962 хоспитализирани лица и 725 на респиратор.


Администратор
21/10/2020 15:59