Во Словенија во последните 24 часа се потврдени рекордни 1.323 случаи на коронавирусот, според неофицијални податоци кои денеска ги објавија провладини портали.

Официјалните податоци ќе бидат познати денеска попладне.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша, реагирајќи доцна синоќа на веста дека стотина граѓани во Марибор протестираат против полицискиот час, на Твитер напиша дека веќе се потврдени повеќе од 1.100 новозаразени и повика да се почитуваат сите владини мерки.

Во исто време, за само еден ден во Хрватска се потврдни 1.424 новозаразени, починале 11 лица, а тестирани се 5.428 луѓе, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Од почетокот на епидемијата, на 25 февруари годинава, во Хрватска се евидентирани вкупно 28.287 лица заразени со новиот коронавирус од кои 393 починале, а вкупно 21.435 закрепнале, од кои 473 во последните 24 часа.

Во моментов 24.242 лица се во самоизолација.


Администратор
21/10/2020 13:30