Концерт на православна духовна музика на Градски женски младинскиот хор „Менада“ под диригентство на Ивица Зориќ ќе се одржи во четврток по повод 175 години од упокојувањето на прередобеникот Кирил Пејчиновиќ.

Концертот ќе се одржи во духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во манастирскиот комплекс во Лешок од 19 часот, најавуваат од хорот „Менада“.

-Сакаме да да одбележиме значаен јубилеј 175 од упокојувањето од Кирил Пејчиновиќ, чие дело е особено важно за нас во Полог затоа што го негувал народниот јазик. Ние имаме можност да се вклучиме во одбележувањето, а воедно да истакненеме дека е во пресрет на следната година кога е 250 години од неговото раѓање и ние се вклопуваме на некој начин во овој мошне значаен јубилеј, истакна Ивица Зориќ, диригент на хорот „Менада“.

При одржувањето на концертот на православна духовна музика ќе се води сметка за здравствените протоколи како што тоа се направи при одржување на фестивалот ТЕХО, со одржување на растојание, носење маски, дезинфенција и задолжителна проверка на телесна температура на влез во духовно-културниот центар.


Администратор
20/10/2020 23:16