Професорот и познат поддржувач на СДСМ Атанас Вангелов, во својата последна колумна вчера обелодени дека неговиот син Огнен Вангелов е тој што ги налутил бугарските членови на мешовитата комисија - информација што се појави завчера во дел од медиумите. Но таа информација се однесуваше на историчарот Александар Литовски за кого јавноста од самиот почеток знаеше дека е член на македонската страна на комисијата. Двете вести се скандалозни, но не затоа што македонските членови се скарале со бугарските туку заради тоа што членови во комисијата се менуваат а никој не знаел за тоа.

Имено прв пат за синот на Вангелов разбравме вчера:

-Не е некоја тајна за оние што редовно или повремено ја следат работата на тие две владини комисии дека тој член од кој бугарските медиуми „могат да се ужаснат“ е Огнен Вангелов, по случај мој син, како што би рекол славниот автор на „Духот на законите“ Монтескје, по природа – човек, а по животен избор политиколог кој одбранил докторска дисертација на универизитет Кингстон во Канада, земја во која работи и Марија Тодорова, историчарка, како и Стефан Дечев, односно филозофот Ивајло Дичев, од кои бугарските медиуми„ могат да се ужаснат“ исто толку колку и од тој нов член на скопската владина комисија, пишува Атанас вангелов во колумната за „Плусинфо“објавена на 16 октомври.

Па прашањата се: Дали Литовски е сменет и на негово место дошол Вангелов, исто така близок на СДСМ? Ако е така кога тоа се случило и зошто јавноста не знае за истото? Кој одлучува кој член треба да ја напушти комисијата и кој треба да дојде на негово место? На конкурс? Партиски? Треба да им се допадне на Бугарите или како?

Очигледно е некој мора итно да објасни кој го поставил Огнен Вангелов во македонската страна на комисија и кога. Зошто, на пример, не им се понудило на професори кои се потписници на протестните писма до Софија и јавно го изразуваат македонскиот патриотизам - да го заменат членот на комисијата кој си заминал, туку одеднаш дознаваме за Вангелов?


Администратор
18/10/2020 02:31