Зад мене е препораката за Благој Бочварски да стане нов министер за транспорт и врски во Македонија. Во тригодишниот мандат оваа приватна зграда зад мене е единствениот објект кој што Бочварски го изгради во Штип.

Ја нема браната на Отиња, ја нема жичницата, нема гасификација, нема реализирани ниту еден капитален проект во Штип, ама затоа има приватен станбен комплекс.

Од оваа единствена градба на Бочварски, наместо Штип и Штипјани, корист доби само семејството на Бочварски. Имено, реализатори на оваа станбена зграда се токму семејните фирми на Бочварски.

По теркот на феудалецот Заев, за Бочварски е природно е семејните компании – „Пелагонија Инжинеринг“ и „Техноинвест“, да бидат вклучени во најголемиот дел од тендерите на локалните институции, да бидат изведувачи и подизведувачи на секој втор урбанистички зафат во општината.

Цели три години Бочварски наместо за Штип се грижеше за тендерите и семејните бизниси. А можеше да реализира барем едно од ветувањата. Нaместо тоа на штипјани во сеќавање им ја остави оваа стамбена зграда и постерот за изградени 1000 метри асфалт.

Пoчитувани доаѓа време кога наместо семејните бизниси, Штип повторно ќе биде во фокусот на локалните власти.

Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ


Администратор
17/10/2020 15:26