Министерството за надворешни работи на Бугарија не ја демантираше информацијата што ја обелодени завчера лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, дека шефицата на дипломатијата Екатерина Захариева побарала од нејзиниот македонски колега Бујар Османи, Македонија и Бугарија да потпишат нов договор - налик на преспанскиот со кој ќе се имплементираат барања на Софија за македонскиот идентитет.
Дали е ова точно, прашала телевизија Алфа во кабинетот на Захариева, од каде стигнал одговор потпишан од советникот на министерката, Иван Димов. Тој не ја потврдил информацијата, само кусо одговорил: „нема да коментираме“.
На јавноста и е јасно дека нешто се случува кога станува збор за изрично недемантирање односно испраќање неутрални пораки. Но ова нема никаква вистинитост за министерот Османи. Тој ги негираше сите информации на Мицкоски.
И шефот на државата Стево Пендаровски посочи дека не слушнал за информација за барање на нов договор од Софија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ претходно го повика Османи да даде објаснување дали вакво нешто му било посочено на средбата во петокот.
Ставовите на Софија во меморандумот со кој меѓу другото се оспоруваат македонскиот јазик и нација до 1945 како што вели Мицкоски се резултат на ветувањата кои Заев им ги дал на нашите соседи уште пред изборите во 2016.
Заев пак без конкретен одговор дали постои барање од Софија за нови уставни измени. Не сакал да му наштети на процесот, но владата правела се за заштита на нашите интереси, ама водела сметка и за бугарските.
Захариева минатата недела ни порача дека Македонија мора да се согласи на нов национален идентитет врз основа на историската реалност.