Ракометниот клуб Пролет соопшти за нови случаи на Ковид-19 во играчкиот кадар. Позитивниот тест на Петар Ангелов, кој се наоѓа во самоизолација и е со благи симптоми, беше причина за тестирање на сите ракометари и членови на стручниот штаб на нашиот клуб.

„Резултатите се разочарувачки, и покрај настојувањето за максимално почитување на мерките, дури осум членови на Пролет од тестираните се позитивни и веќе се ставени во самоизолација“, соопштија од клубот.

Тимот на Пролет не е во тренажен процес уште од позитивниот тест на Ангелов и сите ракометари ќе останат во изолација за да се заштитат од дополнително ширење на коронавирусот.


Администратор
15/10/2020 20:50