Антонио Милошоски, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил објави видео од сегашната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова и поранешна пратеничка од редовите на СДСМ, односно нејзин говор од настап во Собранието во кој говори за криминалните и корупцијата во Република Македонија.

Милошоски прашува дали нејзиниот говор од 2015-та година се однесувал конкретно и лично за неа, пет години подоцна.

- Чујте во 30 секунди: Лидија Димова уште 2015-та објави дека “Чичко Прибе” И ја предвидел обуката на магарето!, напиша Милошоски на неговиот фејсбук профил.


Администратор
13/10/2020 02:29