Светска премиера на новата театарска претстава „Кожурец“ во продукција на независното здружение Артопија ќе се одржи вечер во Младинскиот културен центар во Скопје.

Работена според вистинска приказна, претставата Кожурец го отвара просторот на комплексните односи помеѓу премолчувањето и прозборувањето, барајќи го во театарскиот контекст јазикот да прозбори за внатрешните и надворешни механизми на сексуалната злоупотреба на деца.

Претставата претставува своевиден емотивен пејсаж на една траума, преиспитување на репрезентацијата во театарот, збир на сцени, слики и песни, добиени како материјал од истражувачкиот процес.

Текстот и драматургија се на Билјана Радиноска и Верица Недеска. Во претставата играат: Душица Настова, Кристина Леловац, Симона Спировска – Костовска и Наташа Петровиќ.

Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарница во МКЦ и online (bileti.mkc.mk). Настанот е организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.


Администратор
11/10/2020 11:03