Главниот истражител на разорната експлозија што во август се случи во пристаништето во Бејрут денеска издаде две потерници по капетанот и сопственикот на бродот, со кој беа донесени илјадниците тони амониум нитрат пред седум години во пристаништето.

Речиси 3.000 тони амониум нитрат складиран во бејрутското пристаниште експлодира на 4 август, при што загинаа 193, а беа повредени 6.500 луѓе и предизвика материјална штета од повеќе милијарди долари.

Судијата Фади Саван случајот го предал до либанското државно обвинителстви и побара од Интерпол да ги приведат капетанот и сопственикот на бродот, државјани на Русија.

Сопственикот на бродот во август бил испитан од полицијата на барање на канцеларијата на Интерпол во Либан.

Повеќе од 20 луѓе, поголемиот број работници во пристаништето и царинарници се притворени по експлозијата.


Администратор
01/10/2020 22:46