Кошаркарот на Мајами хит, Џими Батлер, го коментираше поразот од Лејкерс (98:116) во првиот натпревар од финалната серија од плејофот во НБА.

- Повредите не се оправдување за нашата игра. Разговаравме за тоа како треба да играме скоро совршено, но всушност, не бевме ни блиску до тоа, изјави Батлер.

Во текот на натпреварот со Лејкерс, Хит го загуби плејмејкерот Горан Драгиќ и центарот Бам Адебајо, а самиот Батлер ја заврши средбата со повреда на скочниот зглоб.

Вториот меч е закажан за ноќта петок кон сабота (почеток 3 часот).


Администратор
01/10/2020 17:13