Во морскиот дел во близина на грчките острови Кос и Нисирос што се наоѓаат во источниот дел на Егејското море, кусо по 14 часот по локално време, беше регистриран земјотрес со јачина од 5.2 степени според Рихтер, согласно Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот бил на 32 километри северозападно од Нисирос, а засега нема информации за повредени или материјална штета.


Администратор
01/10/2020 16:00