Средношколците од училиштата Нико Нестор и Ибрахим Темо во Струга денес излегоа на протест барајќи во нивните средни училишта да биде организирана настава со физичко присуство.

Средношколскиот протест се одвива низ струшките улици. Учениците маршираат кон Општина Струга, од каде ќе побараат да се вратат на училиште со физичко присуство.


Учениците од овие две училишта се против учењето преку Интернет, пренесе Телевизија Ал-сат.