Кошаркарите на Мајами хит, Горан Драгиќ и Бам Адебајо не беа во можност да го завршат првиот натпревар од финалната серија со Лејкерси.

Драгиќ го напушти теренот во првото полувреме со повреда на левата нога. На негова сметка се шест поени (3 од 8 од игра) и три асистенции за 15 минути. Словенецот ги чека резултатите од снимките на ногата, но голема е веројатноста тој да не може да настапи до крајот на серијата.

Адебајо се повлече во третата четвртина со повреда на левото рамо. За 21 минута постигна осум поени и четири скока. Неговата повреда не е сериозна.

Покрај нив и Џими Батлер, во првото полувреме го свитка глуждот, но тој остана на теренот.

Лејкерси ги совладаа Хит во првиот натпревар од финалето (116:98).


Администратор
01/10/2020 12:35