СВР Скопје – Единица за насилен криминал до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против В.С.(47) од Скопје, поради обид за убиство.

На 21.02.2020 во семејниот дом, пријавениот ја нападнал својата мајка А.С. и ѝ нанел тешки телесни повреди, доведувајќи ѝ го животот во опасност.

Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и во координација со Јавен обвинител пријавениот бил лишен од слобода, спроведен и хоспитализиран во Јавната здравствена установа – Психијатриска болница – Скопје.


Администратор
01/10/2020 02:17