Тројца тиквешани со Ковид-19 се на лекување на Инфективно одделение во Велес, четири случаи се потврдени во изминатите 24 часа, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

-Двајца од заболените во болница се сопружници од Кавадарци, на возраст од 72 и 68 години. Хоспитализирана е и 55 годишна жена од Неготино, појасни докторот.

Позитивно на вирусот е и 21 годишно лице од Росоман. Сите биле со симптоми, никој не знаел каде се заразил. Се утврдуваат контактите, со цел нивна изолација.


Администратор
30/09/2020 15:56