Производителите на храна од гостиварскиот регион се запознаа со новите правила за пласманот нивните прозиводи кои се опфатени со два правилници за производството и продажбата на пазарот и на мали количини. Со правилниците се даваат насоки со кои производите на фармерите полесно ќе се најдат на полиците на големите маркети, во кујните на ресторани и на пазарите, притоа да бидат задоволени критериумите за безбедност и хигиена на храната.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството (АПРЗ), во рамки на активностите за промоција на двата правилника за директно снабдување ги посетија трите гостиварски општини.

Според Борче Петковски заменик директорот на Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството со овие правилниците на малите производители на храна од животинско и од неживотинско потекло ќе се овозможи нивно вклучување во системот за безбедност на храната и легално да ги продаваат своите производи.

– Покрај безбедност, со овие подзаконски акти се воспоставува и следењето на прозводите, а се олеснува и ставањето во промет на мали количини производи, без да се нарушува или доведува во прашање ниту безбедноста на храната, ниту здравјето на потрошувачите, рече Петковски

На земјоделците кои произведуваат и продаваат храна им беше појаснета регулативата на ставањето во промет на мали количини производи од животинско потекло (месо, млекото, јајца, риба, дивеч и други) и преработени примарни производи од неживотинско потекло и храна со традиционални карактеристики, претставуваат основа за развој на малите производители на храна. Тоа од друга страна, нагласи Петковски е своевиден поттик за развој на семејните бизниси и за зачувување на традиционалниот начин на производство на производи карактеристични за одредени региони.

– Целта на правилниците е да се овозможи легална продажба на домашни земјоделски производи, директно на фарма, при тоа задолжително исполнувајќи ги критериумите за безбедност и хигиена на храната. Затоа е потребно производителите да ги исполнуваат критериумите од овие два подзаконски акти и да се регистрираат како оператори за директно снабдување со што ќе станат дел од системот за контрола на безбедноста на храната зошто тоа е нивна законска обврска, рече Петковски

Промоцијата на правилниците пред производителите, ќе има и во општините Врапчиште и Маврово-Ростуше.

Двата правилника АХВ, ги подготви во соработка со невладиниот сектор, научни институции и државните институции непосредно вклучени во синџирот на храна.