Учесниците на конференцијата ќе разработуваат практики насочени кон развој на националните стратегии, системи и програми за безбедност и здравје при работа, како и унапредување на културата за превенција.

Регионалната соработка, вмрежувањето на граѓанските организации од ИПА регионот, како и унапредување на регионалните граѓански организации како кредибилен партнер за дијалог со државните институции се меѓу главните теми на дискусија на дводневната меѓународна конференција „Дијалог за безбедност и здравје при работа" што се одржува во Струга.

На собирот, организиран од Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија, со поддршка на ЕУ, ќе се унапредуваат целите на меѓународната организација за понатамошно поттикнување на регионално партнерство меѓу Советите за БЗР и продлабочување на соработка со граѓанскиот сектор во насока на подобрување на работните услови во земјите на Западен Балкан.

Учесниците на конференцијата ќе разработуваат практики насочени кон развој на националните стратегии, системи и програми за безбедност и здравје при работа, како и унапредување на културата за превенција.

Посебен акцент на конференцијата ќе биде ставен и на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат работниците и работодавачите во однос на безбедноста и здравјето при работа во услови на пандемијата предизвикана од Ковид-19, како и изнаоѓање на позитивни пракси и решенија за оваа состојба. Учесниците на собирот ќе имаат и можност да се запознаат и со практичната примена од првата национална методологија за проценка на ризик на работно место при изложеност на Ковид -19 вирусот, во рамки на која за прв пат се предлага воведување на т.н. „ковид-возраст".

На настанот учествуваат претставници од МЗЗПР, ССМ, ОРМ, Институтот за јавно здравје, Конфедерацијата на слободни синдикати, Државниот инспекторат за труд, Здружението на судска администрација, како и повеќе граѓански организации кои се занимаваат со проблематиката поврзана со безбедност и здравје при работа.