Шампионот во НБА-лигата, а сега експерт за „ЕСПН“, Кендрик Перкинс верува дека Клиперси го искористија тренерот Док Риверс како жртвено јагне откако загубија од Денвер во второто коло од плејофот (3-4).

- Риверс беше отпуштен затоа што неговите суперѕвезди не успеаја да ја добијат серијата во која имаа 3-1. Ме загрижува тоа што неговата клупа апсолутно не успеа да се докаже. Како и да е, Док заслужува повеќе, напиша на Твитер Перкинс.

Клиперс важеа за фаворити, но не успеаја да изборат конференциско финале.


Администратор
30/09/2020 14:03