Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс ги сподели своите размислувања за годинашниот плејоф во НБА-лигата кој се игра во Орландо.

– Веројатно, ова е најтешката работа низ која морав да поминам во мојата професионална кариера. Но, разбрав што е пред нас и зошто дојдовме овде. Ќе излажам ако кажам дека сè е многу едноставно овде, но сега сум во Орландо само од една причина, а оваа причина е борбата за шампионската титула, изјави Џејмс за „CBS Sports“.

Првиот натпревар од финалната серија од плеј-офот во НБА меѓу Лејкерс и Мајами е закажан за вечер во 3 часот по полноќ. До трофејот ќе стигне екипата која прва ќе извојува четири победи.


Администратор
30/09/2020 12:57