Во ек на корона-кризата и пред стартот на сезонскиот грип и појачаниот ковид-19 бран, инфективната клиника останува без кадар.
Имено, на социјалните мрежи се објавени известувања до Инфективната клиника за три откази, еден од главната медицинска сестра на клиниката и другите два од медицински сестри исто така на оваа клиника која е столбот во процесот на лекување на пациентите од Ковид-19.
- Главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат отказ во еден акт. Причините ќе оставам да ги кажат надлежните, сестрите си кажале, ова е сериозна загуба за системот во многу лошо време… напиша на својот фејсбук општиот лекар Ненад Лазаров.
Во образложенијата со известувањата за отказ, главната медицинска сестра навела дека непочитувањето и деградирањето на профилот медицинска сестра како една од најважната алка во медицинскиот тим е главна причина поради нејзината постапка.