Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.М.(44) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информираат од МВР.

Од таму посочуват дека пријавениот како поранешен градоначалник на Општина Македонска Каменица, во периодот од 01.01.2017 до 30.05.2017, без да спроведе постапка за јавна набавка во повеќе наврати извршил набавка на стоки и услуги во вредност над 500 евра, во денарска противвредност.

– Без да овозможи еднаков третман на економските оператори и без да спроведе транспарентна постапка при процесот на набавки на стоки и услуги, извршил и набавка на стоки и услуги од повеќе правни лица во вкупна вредност од 403.996 денари и овозможил на правните лица од кои извршил набавка да се стекнат со некаква корист. Набавките ги вршел без одлука и без да бидат предвидени во годишниот план за јавни набавки, велат од МВР.


Администратор
29/09/2020 01:37