Шефот на азербејџанската дипломатија, Чејхун Бајрамов, денеска изјави дека вооружените сили на неговата земја имаат соодветен одговор на можната употреба на системот „Искандер“ од страна на Ерменија во судирот во Нагорно-Карабах.

-За жал, од ерменска страна се може да се очекува. Тешко е од воена гледна точка јас да го коментирам тоа, но сигурен сум дека нашите вооружени сили имаат адекватен одговор, изјави Бајрамов за руските медиуми.

Според него, воопшто не може да стане збор за какво било мешање на Турција во конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија.

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тоганјан, претходно денеска изјави дека Турција пренесува борци од Сирија во Нагорно-Карабах.


Администратор
28/09/2020 23:50