Претседателот и премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ и Андреј Пленковиќ, денеска ја продолжија „медиумската војна“, која почна со апсењето на 11 лица во корупциската „афера Јанаф“, откако шефот на државата порача дека тој е „мало дете“ во однос на „арогантниот“ шеф на Владата.

Милановиќ истакна дека никого не нападнал физички во Парламентот, за да може некој да му порача да се стабилизира и да го праша „што значи тоа“.

– Сега гледаме дека имаме премиер кој не знае ништо… Да се вратиме на целосното затворање, кое беше паушално и невешто осмислено, изјави Милановиќ.

Тој додаде и дека нема да го моли Пленковиќ за разговор.

– Утре ќе му предложам на Саборот именување претседател на Врховниот суд, за тоа ли ќе разговараме? Со кого да разговарам за тоа, со Шкоро? Очекувам да зборуваме, но нема да го молам. Човеку имаме сериозен проблем. Имаме премногу скандали, нема да престанам да зборувам за тоа. Нека не ми кажуваат за стилот, јас не ги напаѓам луѓето. Знам да бидам груб, но тоа ниво на ароганција не е моја област, јас сум мало дете за тоа, истакна хрватскиот претседател.

Реагирајќи на таквата изјава, Пленковиќ додаде дека од авион се забележува оти претседателот се „стабилизирал“, мнагласувајќи дека треба да се врати на главната тема.

– Милановиќ ги преминува границите на цивилизираност. Кога врз основа на изразување би се одземале лиценци, тогаш претседателот би требало да се загрижи, рече Пленковиќ.

На прашањето дали ќе се сретне со шефот на државата, кој инсистира на тоа, хрватскиот премиер одговори дека тоа е беспредметно, и единствено би можеле да сретнат околку именување на амбасадори.


Администратор
28/09/2020 23:35