Хрватската актерка Миа Беговиќ синоќа во Културно-информативниот центар во Скопје ја изведе монодрамата „Се што сум премолчела“, објави мрежната станица „Гласот на Хрватска“ на ХРТ.
Изведбата на монодрамата е реализирана со поддршка на Амбасадата на Хрватска и Заедницата на Хрватите во државава.
Со монодрамата Беговиќ ја одбележала 30-годишнината од нејзината актерска кариера.