По десет години, Википедија ќе добие нов дизајн со цел стане подостапна за нови и помлади корисници.

Како најкорисна новина се истакнува тоа што корисниците ќе можат полесно да преминат во деловите што ги интересираат.

Речиси дваесет години, Википедија е составен дел од веб-културата, овозможувајќи им на посетителите да читаат милиони статии од дигитални, јавно изменети, енциклопедии од нивните компјутери, таблети или телефони.

Википедија исто така ќе добие копче за промена на јазикот во рамките на страницата која се чита и позиција за пребарување за полесно снаоѓање на новите страници. Ќе го смени логото и тоа ќе биде помало.

Фондацијата Викимедија, компанијата што ја води страницата, објави на блог дека промените ќе доаѓаат постепено и ќе се интегрираат подолг период, овозможувајќи им на корисниците да испробаат нови функции пред тие официјално да се интегрираат. Планот за редизајн на целата верзија за десктоп компјутерите е пред крајот на 2021 година.


Администратор
25/09/2020 15:57